Бетис дома не им се дава на фаворитите, ни Жирона не победи во Севилја (Видео)

Со голот на Герман Пецела во 88-мата минута, Бетис одигра 1-1 и успеа да освои бод против Жирона, па тимот од Севилја, кој неодамна дома ремизира и со Реал Мадрид, покажа дека на свој терен е незгоден за фаворитите.

По овој резултат, Реал Мадрид има прилика со победа вечерва на гостувањето кај Алавес, новата 2024 година да ја пречека како лидер на шпанската лига. Ако Реал не победи, Жирона ќе биде прва, нешто што никој не го очекуваше пред стартот на сезоната.

За Бетис ова е дури десетти нерешен резултат сезонава во 18 кола.

Ова е голот со кој Бетис дојде до бод:

- Оглас -

Најнови вести