Бетис му нуди нова авантура на Давид Силва за крај на кариерата

Давид Силва веројатно ќе ја заврши еднодецениската авантура во Англија и ќе се врати во Шпанија по одличната понуда на Бетис.

Еден од најдобрите играчи во англиското првенство, кој игра за Манчестер сити од 2010 година, има договор со актуелниот шампион што истекува ова лето и примамлива понуда од Бетис за нов двегодишен договор.

Силва има 34 години и совршено му одговара да одигра уште две сезони во татковината, па потоа да замине во фудбалска пензија.

Давид играше во Шпанија за Валенсија од 2004 до 2010 година, со мали прекини бидејќи беше позејмен на Ејбар и на Селта, а од „Месталја“ се пресели во Манчестер сити и остави впечатлива трага во англискиот фудбал.

Со Сити шпанскиот репрезентативец освои четири шампионски титули во Премиер лигата и вкупно 14 пехари, вклучувајчи ги националниот и Лига купот на Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести