Бетис на шега го „промени“ логото за да го победи Челзи

Официјалниот профил на Бетис на социјалните мрежи објави хумористичен пост во кој ја претставува изменетата верзија на грбот на клубот пред натпреварот против Челзи во финалето на Конференциската лига.

„Новиот“ амблем на шпанскиот клуб го замени логото со букви во центарот со слика од птица. Ова се должи на успехот на клубовите оваа сезона чии амблеми или прекари се поврзани со птици.

Ливерпул, кој има птица на амблемот на клубот, ја освои Премиер лигата. Кристал палас, со орел на своето лого, го освои ФА купот. Тотенхем,, на чиј амблем е прикажан петел, ја освои Лигата на Европа. Прекарот на Њукасл, кој е освојувач на англискиот Лига куп, е Чавки.

Натпреварот Бетис – Челзи ќе се одржи на 28 мај во полскиот град Вроцлав.

- Оглас -

Најнови вести