Без Димитријевиќ против Естонија, Тодоров знае дека ќе биде многу тешко

Селекторот Александар Тодоров е задоволен што неговите кошаркари се изборија за многу важна победа против Италија со која ги одржаа шансите за пласман на Евробаскетот 2022. Утре во 15 часот, нашата селекција во мајсторка против Естонија ќе се бори за третото место од групата Б, кое значи учество на континенталниот собир.

За жал, во овој меч Тодоров нема да смета на клучниот адут Ненад Димитријевиќ, бидејќи плејмејкерот во финишот од дуелот против Аѕурите се здоби со повреда на коленото.

„Многу важна победа за нас, пред сè бидејќи ни дозволува да сонуваме до утре. Италија играше одлично прво полувреме, погоди девет тројки од 14 шута, постигнаа 53 поени и сè ѝ одеше од рака. На полувремето, во соблекувалната зборувавме дека тоа не се реални проценти, па така во второто полувреме противникот погодиј 3/11, додека ние во вторите 20 минути примивме двојно помалку поени.

Уште еднаш ќе потенцираме дека нашата репрезентација е во процес на конструкција, дека во неа се вклучуваат некои млади деца, но никој нема да се сеќава на оваа победа доколку утре не победиме. Утре ќе имаме два тешки противника: силната естонска репрезентација и нашиот замор кој е уште поголем проблем, особено ако знаеме дека ќе играме без Ненад Димитријевиќ“, истакна Тодоров.

- Оглас -

Најнови вести