Без добар скок тешко се победува, МЗТ на секое гостување кај ФМП прима барем 100 поени

Нов пораз на МЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига, овојпат од ФМП во Белград со 97-101.

За МЗТ ова беше најефикасна игра сезонава во јадранската лига, но и тоа не беше доволно за прва победа на гости. МЗТ на сите три гостувања кај ФМП прима троцифрен број на поени.

Клучна беше утката од слободно фрлање на Мајк Кефи на 11 секунди до крајот, кога Американецот можеше да изедначи. ФМП во неколку наврати имаше голема предност од речиси 20 поени разлика, но Штрковите не се предаваа и за малку ќе направеа сензационален пресврт.

За МЗТ кој е најслаб тим во лигата по бројот на скокови, повторно беше убедливо натскокан, и повеќе од јасно е дека клубот мора да ангажира добар центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести