Без промена – Македонија ја заврши годината на 68. место на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација ќе ја заврши 2019 година на 68. позиција на ФИФА ранг-листата, што е исто место во однос на претходното рангирање.

Останавме на истото ниво, па поразот од Австрија и победата против Израел не променија ништо во однос на претходното рангирање.

Во топ-10 Белгија го задржа врвот и ќе ја заврши 2019 година како најдоброрангирана светска селекција, пред актуелнито евстки шампион Франција.

Бразил е зад нив, потоа следува Англија и Уругвај во топ-5. Хрватска е сега на позицијата број 6, каде досега беа Португалците, кои се седми. Во елитата до десеттата позиција се и Шпанија, Аргентина и Колумбија.

Нашиот следен противник во плоуфиналето во Д сегментот во Лигата на Нации, Косово е на 115. поаиција на последното рангирање на ФИФА за 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести