(1009) Манчестер сити – Ливерпул (17:30ч)
Ливерпул не го памети по добро последното гостување кај Граѓаните, во кое претрпи дебакл од 4-0. Шампионот се наоѓа во неповолна позиција во пресрет на големото дерби, покрај веќе отсутните Ван Дајк и Фабињо, Клоп нема да смета и на Алкантара иако се вршеа напори Тијаго да се подготви за овој меч.
Сепак, Клоп нема да бара оправдување поради повредите, и со комбиниран состав ќе му се спротивстави на тимот на Гвардиола, кој од коло во коло игра сè подобро. Никој не очекуваше дека Сити ќе се наоѓа на 12-тата позиција на табелата по шест одиграни меча, а евентуален триумф против актуелниот првак може да ја крене самодовербата кај вицешампионот.
Ливерпул е во серија од пет последователни победи со последното шоу во Бергамо од 5-0 над Аталанта во кое блесна Жота, моментално најопасниот играч од редовите на Црвените, но тој сам сигурно нема да може да ги надигра Граѓаните.
Предлог тип: 1X & ГГ (1.88)
(3010) Болоња – Наполи (18ч)
Бројните отсуства од составот на Михајловиќ е добра вест за Наполи кој треба да го заборави поразот од Сасуоло во претходното коло. Елмаси компанија од Риека се вратија со три бода, па тој победнички менталитет треба да се пренесе и на ова гостување.
Наполи повеќе од три години не знае за победа во Болоња, а во последните три меѓусебни дуели претрпи два порази и ремизираше во јули годинава. Иако Болоња има намера да продолжи со позитивната низа против тимот на Гатузо, се чини дека гостите ќе слават по вечерното гостување.
Предлог тип: 2 (1.72)
(1809) Баер Леверкузен – Борусија Менхенгладбах (18ч)
Менхенгладбах ги освои симпатиите на неутралните фудбалски љубители по голеадата во Киев против Шахтар од 6-0 во ЛШ. Големата победа треба да биде доволен мотив за да им се зададе главоболка на Фармацевтите, кои пак во новата сезона имаат претрпено само еден пораз, од Славија Прага во Лигата на Европа.
Меѓусебните дуели на овие две екипи редовно се возбудливи и со полни мрежи, со исклучок на дуелот на почетокот од 2019 година во кој Гладбах славеше со минимални 1-0, што беше еден од трите порази на Леверкузен во последните пет меѓусебни меча против Гладбах во улога на домаќин.
Предлог тип: ГГ 3+ (1.80)
(1310) Валенсија – Реал Мадрид (21ч)
Среќа е за Реал што Валенсија во текот на летото остана без најдобрите свои играчи, па и отсуствата на клучните Азар, Каземиро, Карвахал, како и резервите Начо, Одриосола и Милитао, не треба да претставуваат проблем за Зидан да состави екипа која ќе слави на „Месталја“.
Силесен веќе подолг период не е меѓу диреците на Лилјаците, а резервниот голман Доменех досега во осум меча прими 13 гола. Кралевите со евентуална победа може да избијат на чело на табелата во Ла Лига, свесни се за тоа, па затоа се очекува победничка екскурзија во прекрасната Валенсија, како што беше во две од последните пет гостувања.
Предлог тип: 2 & T2 2+ (1.70)
(1710) Олимпик Лион – Сент Етјен (21ч)
Десеткуваниот Сент Етјен има пет порази во нива во францускиот шампионат, па затоа Лион е голем фаворит во дербито на старите ривали. Во сосема спротивна форма се домаќините, но треба да се поправи учинокот од последните пет меча во кои трипати ремизираа, а издовија само две победи.
Лион последен пат на домашен терен од Сент Етјен загуби во март 2014 година, од тогаш Лавовите триумфираа во четири од шест меѓусебни средби во кои речиси редовно постигнуваа по два гола.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.90)
(3007) Аталанта – Интер X2 & 2-4 (2.45)
(1009) Манчестер сити – Ливерпул Т12+ & ГГ (2.20)
(1310) Валенсија – Реал Мадрид 2-2 & 2+ (2.85)