Без ВАР, Реал Мадрид ќе имаше 8 бода повеќе од Барселона и би бил првак на Шпанија

Шпанската Ла Лига се ближи кон крајот, останува само уште едно коло, јасно е дека Барселона ќе биде првак, а весникот „Ас“ направи рангирање без да ги земе предвид интервенциите од ВАР-собата и дојде до интересен заклучок.

Доколку оваа технологија не постоеше, Реал Мадрид ќе беше шампион и ќе имаше осум бода предност пред Барселона. Без ВАР, Реал ќе имаше 7 бода повеќе отколку што има во реалноста. Барса би имала пет бода помалку.

Најголем ќар од ВАР имала Мајорка, која без ВАР ќе имаше 10 бода помалку и ќе беше на 17-тото место. Инаку, што се однесува до испаѓањето, и без ВАР би испаднале истите три тима, а од третото до осмото место би биле истите екипи како со ВАР.

Овие табели повторно ги разгореа дебатите помеѓу фановите на двата најголеми шпански клуба.

Фановите на Реал велат дека ова е доказ дека „пријателите на Лапорта“ во ВАР-собата го помагале каталонскиот тим и намерно го оштетувале Кралскиот клуб. Од друга страна, навивачите на Барса велат дека ова покажува дека судиите на терен го фаворизирале Реал, па нивните грешки морале да се поправаат со видеотехнологија.

- Оглас -

Најнови вести