Безобразен лов на Фирмино, Бразил ремизираше со Сенегал (видео)

Бразил и Сенегал ремизираа при конечни 1-1 во пријателската средба која се одигра на Националниот стадион во Сингапур. Јужноамериканскиот првак иако беше апсолутен фаворит наиде на рамноправен противник во африканските вицешампиони, па така не можеа да му донесат радост на Нејмар во неговиот 100-ти репрезентативец натпевар во жолтиот дрес.

Роберто Фирмино ја донесе предноста за Кариоките во раната фаза од мечот, откако проигрувањето на Габриел Жесус го доведе во позиција голгетерот на Ливерпул да се закани, а го направи тоа мајсторски. Фирмино од непосредна близина го лобуваше Гомис за 1-0 во корист на Бразил по девет минути игра.

Сенегалците пред паузата го постигнаа израмнувачкиот погодок, а стрелаше Диедиу од белата точка во 46-тата минута. Садио Мане имаше одлична прилика во последните минути од дуелот да му донесе комплетен пресврт на својата селекција, но дирекот се покажа како сојузник на Едерсон во опасниот напад на Сенегал.

https://twitter.com/SuperGoalsTV1/status/1182269074501332995

- Оглас -

Најнови вести