Бернард Томиќ нема да ја добие загарантираната сума од 45.000 фунти за настап во првото коло на Вимблдон бидејќи организаторот го казни со исто толкава парична казна. Причина за казната е тоа што Томиќ загуби за помалу од еден час. Австралискиот тенисер загуби со 2:6, 1:6, 4:6 од Жо-Вилфред Цонга во меч кој траеше само 58 минути, а според мислењето на судиите, тенисерот не одиграл на професионално ниво.
„Томиќ во мечот од првото коло не беше во согласност со професионалните стандарди, кои се очекуваат на ова ниво од турнирот. Поради тоа, тенисерот ќе мора да плати максимална казна од 45.000 фунти“, стои во објаснувањето на организаторот.