БиХ година и пол чека победа, Германија игра против ривал со кого има повеќе порази од победи

6728 Холандија – Шкотска (20:45 ч.)

Интересна е традицијата кога играат овие две селекции, а тоа е дека последните осум меѓусебни средби завршувале НГ, односно дека барем една од двете репрезентации нема да даде гол. Во овој период од 30 години, Холандија има пет победи без да прими погодок, Шкотите еднаш се радувале со 1:0, а два меча завршиле воопшто без погодоци.

Мечот се игра на неутрален терен во Португалија, а Холанѓаните треба да докажат дека се подобри.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.67)

 

6732 Франција – Велс (21:05 ч.)

Со четири победи и едно реми во последните пет меча, Французите покажуваат дека се сериозни кандидати за златото на Европското првенство. Дополнителен мотив за Галските петли ќе биде и тоа што по повеќе од пет години во националниот тим се враќа и Карим Бензема.

Голгетерот на Реал Мадрид игра одлично на клупско ниво и сега треба да биде од голема корист за Франција. Велс е селекција која реално нема квалитет да му се спротивстави на фаворитот, па квотата на денот во Sport Life едноставно мами да се одигра на домаќинот.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.25) – квота на денот во Sport Life

 

1604 Босна и Херцеговина – Црна Гора (18 ч.)

Локално дерби на две земји од поранешна СФРЈ. Босанците се разочарани што не успеаја да се пласираат на ЕП, но фактот дека дури 11 меча се без победа, покажува дека не се во добра форма. Последната победа на БиХ е од ноември 2019 година, што значи дека една и пол година чекаат да се израдуваат на триумф.

Црногорците загубиле само двапати во последните 12 дуели, но сега може да се очекува да бидат покомотни, па улогата на фаворит останува за домаќинот.

Предлог тип: 1 (1.98) – Супер тип во Sport Life

 

6729 Романија – Грузија (20:45 ч.)

Две земји кои нема да бидат дел од завршницата на ЕП, па овој меч треба да им биде баш пријателски. Романците дома тешко губат, посебно не од селекции каква што е Грузија. Тоа го покажува и традицијата, која вели дека од последните пет меѓусебни дуели, Романија има четири победи, а еднаш било нерешено.

Освен победа на домаќините, на овој меч се очекува да има и повеќе погодоци.

Предлог тип: 1&3+ (3.10)

 

6731 Германија – Данска (21 ч.)

Германците шокантно го загубија последниот меч, и тоа на свој терен од Македонија, па сега сигурно ќе сакаат да покажат дека тоа не оставило трага во нивната игра. Данска е квалитетна репрезентација која во последните 15 меча има дури 11 победи и две нерешени, што значи дека тешко губи.

Ако се погледне традицијата, во последните осум меѓусебни средби, Данска има дури четири победи, Германија се радувала само двапати, а две средби завршиле нерешено. Тоа доволно зборува за квалитетот на Данска. Тоа што треба да е сигурно е дека ќе има погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.71)

 

- Оглас -

Најнови вести