Андреа Белоти постигна два гола за победа на Торино против Рома во Рим и донесе многу вредна победа за популарните бикови, прва по пауза од 13 години во Рим.
Торино пристигна во главниот град со лош биланс против Рома и 9 порази по ред на „Олимпико“, но вечерва падна една од најдолгите серии во италијанскиот фудбал.
Белоти беше прецизен двапати, по еднаш во финишот на првото и второто полувреме. Ринкон му асистираше во втората минута од судиското продолжение во првиот дел, а напаѓачот со топовски удар им донесе предност на гостите.
Во финишот на мечот се случи најинтересниот момент, а беше досуден пенал за гостите со големо задоцнување. Крис Смолинг со рака ја удри топката во дуелот со Белоти, а судијата Марко Ди Бело по една минута одлучи да го погледне спорниот момент со помош на ВАР технологијата.
Епилогот беше пенал за Торино, што рутински во гол и во победа од 2:0 го претвори Белоти. Рома остана на четвртото место со 35 бода, а Торино стаса до деветтата позиција со 24 бода.