Лидерот во Генералниот пласман во Формула 1, Макс Ферстапен не ја продолжи трката во Силверстон за „Големата награда“ на Велика Британија по инцидентот и сударот со најголемиот ривал за титулата Луис Хамилтон, а од таборот на Ред Бул велат дека актуелниот шампион е единствениот виновник за моментот што го одлучи победникот.
Хамилтон продолжи со трката и победи и стопи голем дел од предноста во поени, па сега Ферстапен има само 8 поени предност. Макс е лидер со 185 поени, пред Хамилтон со 177, Норис е трет со 113, па јасно е дека трката за нов шампион ќе биде меѓу Ферстапен и Хамилтон.
„Хамилтон е виновен за сударот. Така не се вози во позиција на која дојде до инцидентот. Особено не за искусен пилот и повеќекратен шампион“, изјави Кристијан Хорнер, кој е шеф на екипата на Ред Бул.
Задното тркало на болидот на Ферстапен излета, болидот му беше целосно уништен, а лидерот во Генералниот пласман поткривнуваше, откако излезе од него и веднаш заминал во болница на преглед.
https://twitter.com/F1/status/1416796423195070472?s=20
Ферстапен не е сериозно повреден, но не можеше да ја продолжи трката, иако беше фаворит, откако вчера во спринтерски старт ја освои пол-позицијата.