„Биковите“ се рутина за Денвер, животна партија на Зубац против Оклахома

Денвер нагетс рутински го совлада Чикаго со 135:105. Франшизата од Колорадо осми пат во низа слави триумф против „биковите“, кои немаа начин како да го спречат расположениот Џамал Мареј, како и Никола Јокиќ, кому му недостасуваа два скока за трипл-дабл учинок.

Чикаго парираше само во првата четвртина, а потоа Нагетси ја презедоа контролата, па кон крајот на средбата имаа и највисоки +39 поени. Мареј беше најефикасен со 25 поени и пет асистенции, додека Јокиќ застана на 18 поени и 11 скока.

 

ЛА лејкерс со победа се враќа од гостувањето кај Оклахома сити тандер со конечни 138:128. „Езерџиите“ кои речиси еден месец се без Леброн Џејмс, во дополнително време успеаја да го надиграат третиот најдобар на Западот.

Младиот хрватски центар, Ивица Зубац, одично ги искористи минутите и одигра животна партија постигнувајќи личен рекорд од 26 поени, а освари и двоен учинок со 12 скока. Најефикасен кај гостите беше Кајл Кузма со 32 поени, додека кај поразените, Пол Џорџ и Расел Вестбрук постигнаа 27, односно 26 поени, кои на крајот не беа доволни да се избегне седмиот пораз на домашен терен оваа сезона.

https://www.youtube.com/watch?v=q4QtqV_AwQQ

Резултати НБА:

Денвер нагетс – Чикаго булс 135:105

Оклахома сити тандер – ЛА лејкерс 128:138 (по продолжение)

Шарлот хорнетс – Сакраменто кингс 114:95

Индијана пејсерс – Филаделфија севентисиксерс 96:120

Торонто репторс – Феникс санс 111:109

Вашингтон визардс – Њујорк никс 101:100

- Оглас -

Најнови вести