Билбао не знае поинаку – Реми број 11 за Баскијците

Вилјареал и Атлетик Билбао мораа да се задоволат со реми од 1-1 во мечот од 20. коло во Ла Лига. За гостите од Баскија ова е веќе 11-то реми сезонава, но и по шест меча ќе останат непоразени. „Жолтата подморница“ е во големи проблем бидејќи со 18 бода и натаму се наоѓа во црвената зона, која води во второто по квалитет натпреварување во Шпанија.

Билбао по 18 минути игра дојде до предност благодарение на авто-голот на Хауме Коста, но домаќините се изборија за реми во 71-та минута откако Екамби го постигна својот трет гол оваа сезона за конечни 1-1 на „Де ла серамика“. Гостите во финишот од средбата постигна и втор гол, но истиот не беше признат поради што Вилијамс се најде во недозволена позиција.

Билбао е втората екипа која успева да забележи 11 реми натпревари во тековната сезона, исто толку има и Валенсија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести