Фудбалерот на Баерн Минхен, Нусаир Мазрауи, е на голем удар на германската јавност поради отворената поддршка за Палестина. Тој на социјалните мрежи цитираше делови од муслиманската света книга, Куранот.
„И немојте да мислите дека Алах не посветува внимание на оно што го прават оние коишто прават неправда. Тој само ги задржува до денот кога ќе им се смрзнат очите од страв“, напиша Мароканецот.
Според германскиот весник „Билд“, Мазрауи денес не се појавил на утринскиот тренинг на Баерн и најверојатно тој ќе биде суспендиран. Раководството на Баварците веќе одржало состанок со него и сега се очекува официјалната одлука на клубот.
Мароканецот има договор со Баерн Минхен на уште три сезони, но сосема е извесно дека тој ќе биде продаден уште во јануари, иако во Минхен пристигна само пред една година.