Билдерските комбинации за дуелите на Манчестер јунајтед, Челзи и Тотенхем достигнуваат до квота 35

Вечерва ќе бидат познати финалистите во Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА затоа што на програмата се реванш-полуфиналните дуели во двете натпреварувања.

Во Лигата на Европа, фаворитските улоги ги имаат англиските премиерлигаши Манчестер јунајтед и Тотенхем, додека Атлетик Билбао и Бодо/Глимт ќе се обидат да изненадат.

Во Конференциската лига Челзи само формално треба да го потврди пласманот во финалето, а неизвесно ќе биде во Фиренца, каде што Фиорентина брка негатива од 1:2 против Бетис.

За сите четири мечеви има по две интересни Бет билдер комбинации, а квотите се движат од 15 до 35.

За дуелот Бодо/Глимт – Тотенхем има квота 35, која би била добитна ако: има над 3,5 голови на мечот, Каспер Хог да има повеќе од 1,5 шутеви во рамките на голот, Тотенхем да изведе повеќе корнери, а Бодо/Глимт да добие повеќе картони.

Коефициент од 35 може да биде добитен и на дуелот што ќе се игра на „Олд Трафорд“, а потребно е: да има повеќе од 2,5 голови, Аитор Паредес да добие картон, Расмус Хојлунд да има над 1,5 шутеви во рамките на голот и Манчестер јунајтед да изведе повеќе од 5,5 корнери.

Во Конференциската лига има квота 35 на дуелот Челзи – Ѓургаррден, а потребно е да се исполнат неколку услови, и тоа: Санчо да даде гол или да асистира за погодок, Енцо Фернандес да упати барем еден шут во рамките на голот, Маркус Даниелсон да добие картон и да има над 3,5 картони.

 

 

- Оглас -

Најнови вести