Македонската фудбалска репрезентација ја очекува дуел со една од најсилните европски селекции – Белгија, во петок, 6 јуни, со почеток од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Натпреварот е дел од квалификациите за Светското првенство 2026 и се очекува да биде вистински фудбалски спектакл.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе имаат сериозна поддршка од трибините бидејќи се очекува полн стадион и страсна атмосфера од домашната публика.
Билетите, по пристапни цени од 300 до 500 денари, веќе се достапни за купување преку новиот електронски систем на ФФМ: eticket.ffm.mk.
Како што информираат од Фудбалската федерација на Македонија, од вторник (4 јуни) навивачите ќе можат да набават билети и директно на билетарницата на Арената „Тодор Проески“.