10.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025

Бирмингам има план: Прво стадион од 1,4 милијарди евра, па Џуд Белингам (Видео)

Екипата на Бирмингам во моментов се наоѓа на 11-тата позиција по 15 кола во англиската Чемпионшип дивизија, но раководството на клубот има амбициозни планови за иднината.

Веќе го претставија новиот стадион, кој наскоро ќе започне да се гради, а ќе има капацитет за 62.000 гледачи, а на презентацијата открија дека планот е да го вратат во своите редови Џуд Белингам, ѕвездата на Реал Мадрид.

Изградбата на стадионот ќе чини 1,36 милијарди долари, а треба да заврши во 2030 година и токму во тој период ќе се обидат да го вратат Белингам, кој си замина од клубот кога имаше само 17 години.

- Оглас -

Најнови вести