Бисерот на Барса ќе биде подготвен за новата сезона

Ансу Фати, талентираниот офанзивец на Барселона, ја надмина повредата на коленото која го натера да го пропушти поголемиот дел од минатата сезона.

Проблемот со менискусот е минато за Фати, помина неколку операции откако се здоби со повредата во ноември минатата година, па веќе работи на својата кондиција со цел да биде во топ форма за новата сезона 2021/22.

За Каталонците и тренерот Куман ова се одлични вести бидејќи отсуството на Фати беше голем хендикеп за нив ако се знае дека шпанскиот бисер тргна одлично во ланската сезона со пет гола и четири асистенции во 10 меча, статистика која му му гарантираше место во репрезентацијата на Шпанија за Европското првенство на кое сепак не се појави.

- Оглас -

Најнови вести