Ханси Флик лично му се јавил на Хулијан Алварес, Атлетико ќе бара 200 милиони евра?

Темата за Хулијан Алварес во Барселона се чини не е затворена, иако Каталонците се далеку од сумата која ја бара Атлетико Мадрид. Според шпанските медиуми, Ханси Флик лично му се јавил на Аргентинецот за да го праша дали е подготвен да дојде во Барселона.

Иако не е познато каков одговор добил, сепак Каталонците за неговите услуги ќе понудат сума од 70 милиони евра и неколкумина фудбалери, па трансферот може да достигне и до 200 милиони евра.

Тоа би бил вториот најскап трансфер во историјата на фудбалот, по оние 222 милиони евра кои ги плати ПСЖ за Нејмар.

Сепак, евентуален трансфер на Хулијан Алварес би отворил дополнителни проблеми за раководството на актуелниот шампион на Шпанија, бидејќи ќе мора да го запазат финансискиот ферплеј, а за тоа ќе треба договорената сума да ја исплаќаат на рати и преку бонуси, па прашање е дали Атлетико Мадрид би прифатил такво нешто.

- Оглас -

Најнови вести