Битка на титаните, Гриезман и Коста против Роналдо и Манџукиќ

Диего Коста се врати во стартниот состав на Атлетико Мадрид, а со него главна закана за голот на Јувентус и вечерва и на реваншот ќе биде Антоан Гриезман.

Во дербито на осминафиналната рунда и „старата дама“ има опасни адути во нападот, а ќе го предводат Кристијано Роналдо и Марио Манџукиќ, кои се во стартната постава за дуелот што почнува во 21 часот на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Иако се очекува тврд меч, сепак стартните постави и тандемот напаѓачи на двете страни, кои се исклучителни играчи и стрелци, ветуваат голови во Мадрид.

Во исто време, на „Ауф Шалке арената“ Шалке 04 ќе се обиде да го изненади Манчестер сити и со предност да патува на реваншот.

Еве ги стартните постави за двата последни први мечеви од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите.

 

Атлетико Мадрид – Јувентус

 

Атлетико (4-4-2): Облак – Луис, Годин, Хименес, Хуанфран – Саул, Родриго, Томас, Коке – Коста, Гриезман.

Јувентус (4-3-1-2): Шченсни – Де Шилјо, Бонучи, Кјелини, Алекс Сандро – Бентакур, Пјаниќ, Матуиди – Дибала – Роналдо, Манџукиќ.

 

Шалке 04 – Манчестер сити

 

Шалке 04 (5-3-2) Фахрман – Оципка, Настасиќ, Сане, Брума, Калиџури – Мек Кени, Бенталеб, Сердар – Мендил, Ут.

Манчестер сити (4-3-3) Едерсон – Вокер, Фернадињо, Отаменди, Лапорт – Де Бројне, Гундоган, Д. Силва – Стерлинг, Агуеро, Б. Силва. 

- Оглас -

Најнови вести