Битка за полуфинале, а светскиот шампион Италија не е фаворит

Денес се одлучуваат полуфиналистите на Светското првенство во ватерполо, со четири одлични дуели во кои фаворитите се нагласени, а за крај е оставено дербито меѓу домаќинот Унгарија и бранителот Италија.

Првиот фаворит кој треба да обезбеди топ 4 е Грција, која во 13 часот ќе ги одмери силите против САД.

Шпанија делува како велесила за Црна Гора со 1.12 квота, а посебно возбудливо треба да биде балканското дерби меѓу Србија и Хрватска.

Во вечерниот термин од 21 часот домаќинот Унгарија со квота 1.50 за кец ја доби улогата на фаворит, но Италија како бранител на светскиот трон има задача да одговори на предизвикот.

Дополнителни дуели се играат за 9-тото до 12-тото место, односно местата од 13-16. За сите дуели имате солидна понуда во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести