Битката за Скудетото се разгорува: Јуве ја скроти Волчицата и фати чекор со миланските гиганти (видео)

Јувентус го доби дербито против Рома со сигурни 2-0 и им се приклучи на водечките Интер и Милан во трката за шампионската титула во Серија А. Бјанконерите лесно ја скротија Римската волчица и сега заостануваат пет, односно четири бода за миланските гиганти по 21 коло.

Кристијано Роналдо го прослави својот 36-ти роденден со одличен погодок кој го реализира во 13-тата минута. За него тоа беше 16-ти овосезонски гол во италијанскиот шампионат, односно Португалецот го запиша 300-тиот погодок во кариерата откако влезе во четвртата деценија до животот.

За конечниот резултат удел имаше и Дејан Кулушевски само четири минути по неговото влегување во игра. Швеѓанецот со македонско потекло беше проигран од Квадрадо и се најде пред голот на гостите, но наместо да шутира сакаше да му асистира на Роналдо, меѓутоа Ибањес во обид да попречи сам си ја затресе мрежата во 69-тата минута.

https://twitter.com/realmadrid3413/status/1358120565308076032

Јувентус со натпревар помалку застана на третата позиција со 42 бода, тоа место го презеде токму од Рома која сега е четврта со 40 бода.

- Оглас -

Најнови вести