11.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Битолчани ѝ се налутија на ФФМ, се повикува на бојкот на репрезентацијата до 21 година (Фото)

Битола чекаше 30-тина години за повторно да гледа репрезентативен фудбал „под Тумбе кафе“, но поразот од Вардар во вечното дерби предизвика бура од реакции во Градот на конзулите.

Црвено-црните победија со гол од пенал во 83-тата минута, за кој од Судиската комисија при ФФМ истакнаа дека е оправдано досуден, но исправни биле и останатите одлуки на судиите. Сепак, по социјалните мрежи има и различни мислења од ова стручно толкување, како и повици за бојкот на натпреварите на репрезентацијата до 21 година, која е домаќин токму во Битола.

Македонија (У21) играше пред полн стадион во Битола против Италија, потоа во октомври ја пречекавме и Ерменија, а следната недела на „Петар Милошевски“ ќе гостуваат и младите селекции на Шведска и Полска.

Токму на овие два натпревари се однесува повикот за бојкот, а се споделува на неколку битолски страни на социјалните медиуми.

Според официјалните записници, мечот против Италија го следеле 7.559 гледачи, додека против Ерменија на трибините имало 1.890 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести