Битолчани веруваат во победа за која квотата во Sport Life е многу голема

Екипата на Еурофарм Пелистер од 18.45 часот има гостување кај Кадетен Шафхаузен во натпревар од второто коло на групата Д на ЕХФ Лигата на Европа.

Овој меч ќе го судат Германките Маике Мерц и Тања Кутлер. Во првото коло, двата тима претрпеа порази: Швајцарците од Спортинг во Лисабон со 28-29, а битолчани дома против Ним со 21-26.

Тренерот на пелистерци, Жељко Бабиќ, убеден е дека неговиот тим може да победи иако според квотите во Sport Life, македонскиот тим е прилично голем аутсајдер.

„Шафхаузен е добар тим, дома се опасни, многу трчаат, имаат цврста одбрана. Се надевам дека може да победиме. Имаме респект кон противникот, но можеме да одиграме добра одбрана и да победиме. Периќ сега е подобар отколку против Ним, сега ќе игра повеќе, а ако сакаме добар резултат, мора да бидеме попрецизни во нападот“, изјави Бабиќ.

Битолчани упатија повик до Македонците во Швајцарија да им дадат поддршка од трибините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести