0.8 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Бизарна грешка значеше и исфрлување на најдобриот африкански судија од Купот на нации

Фудбалскиот судија од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан е суспендиран од Африканскиот куп на нации поради носење на опрема која не била вклучена во техничкиот спонзор на турнирот.

Судискиот комитет на Африканската фудбалска конфедерација одлучи да го замени арбитарот кој беше назначен да го суди четвртфиналниот натпревар од Купот на нации помеѓу Алжир и Нигерија.

Артан беше казнет за кршење на прописите за опрема додека судеше на натпреварот помеѓу Габон и Брегот на Слоновата Коска на 31 декември.

Сомалиецот носеше фудбалски копачки од производител кој не беше вклучен во техничките спонзори на турнирот.

Артан е долгогодишен судија со огромно искуство, но тоа не го спаси да добие суспензија и да биде исфрлен од АКН. Тој дури беше прогласен и за најдобар судија од Африка за 2025 година во изборот на ФИФА, но сепак ќе го нема на завршницата на континенталниот собир.

- Оглас -

Најнови вести