Хорор повреда во НБА – Ја скина тетивата без дуел (Видео)

Давид Нваба доживеа тешка повреда и ја скина Aхиловата тетива, а се повреди сам на мечот меѓу Сан Антонио и Бруклин.

Нваба утре треба да му биде извршена оперирација, а за него сезоната во НБА е завршена. Тој е важен играч во ротацијата на Бруклин, тим што има мака со повредите на играчите.

Давид сезонава играше во просек по 14 минути и постигнува по 5,2 поени по меч. Во моментов поради повреди, покрај него, отсутни кај Нетс се и двете големи ѕвезди Кевин Дурант и Кајри Ирвинг, а не настапува и Карис Леверт.

 

- Оглас -

Најнови вести