Бизарна трагедија: Сите боксови во глава ги издржа, но умре од кроасан

Марио Мело, некогашниот континентален боксерски првак на Јужна Америка во тешка категорија, почина на бизарен начин. Популарниот Мазазо во текот на боксерската кариера прими многу тешки удари од противниците во рингот, но ниту еден не успеа да го турне како што го направи тоа еден кроасан.

Мело почина за време на едно телевизиско шоу, додека учествувал во натпревар за брзо јадење кроасани. Во еден момент 56-годишниот Мело паднал и започнал да се гуши. Дел од присутните помислиле дека се работи за шега, но додека сфатат дека се работи за борба за живот, веќе било предоцна.

Еден пожарникар кој бил во публиката прв притрчал да помогне, но и покрај тоа што се обидел да го врати во живот, некогашниот боксер починал, и тоа за време на прикажување на ТВ шоуто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести