Бизарно: Дејвис се превиткува од болка, двете екипи продолжија да играат уште четири напади (Видео)

Лос Анџелес лејкерс победи на гостувањето кај Минесота со 123:111 и ги задржа жансите за пласман во плејофот во НБА. Ентони Дејвис со 38 поени и 17 скока беше најзаслужен за победата на Лејкерс, а токму ѕвездата на ЛА беше во главна улога во една бизарна ситуација.

Во средината од третата четвртина, при еден доскок, Дејвис заработи повреда на зглобот и остана на паркетот, превиткувајќи се од болка. Иако тој беше повреден, противниците продолжија со нападот, но не постигнаа кош. Потоа топката дојде во Леброн Џејмс кој веднаш фрли контра и Лејкерси лесно поентираа.

И тука играта не беше прекината а Дејвис остана на паркетот да се жали на повреда. Минесота повторно имаше неуспешен напад, а Лејкерси потоа изнудија фаул и две слободни фрлања, за конечно играта да биде сопрена и да му се укаже помош на Дејвис.

- Оглас -

Најнови вести