Бизарно: Митровиќ даде гол од пенал, а судијата го поништи и не го повтори! (Видео)

Србинот Александар Митровиќ на гостувањето на Фулам кај Њукасл, даде гол од пенал, но судијата веднаш го поништи погодокот, и досуди индирект за Чавките.

Митровиќ ја затресе мрежата на својот поранешен клуб и почна да го прославува водство на Фулам од 1-0, но правила си се правила, и голот оправдано му беше поништен, иако ова многу ретко се случува.

Пред да шутне, популарниот Митро се лизна, и по шутот со десна нога, топката прво удри во неговата лева нога, а потоа продолжи да патува кон голот. Ова се смета како двојно играње што не е дозволено при пенали, па погодокот беше поништен.

Погледнете каков малер му се случи на голгетерот на Фулам:

- Оглас -

Најнови вести