Благодарение на пласманот на Струга ТЛ, Македонија избегна да е во друштво со Сан Марино, а таму ја испрати Црна Гора

Струга Трим Лум е единствениот македонски тим кој остана во фудбалска Европа. Македонскиот првак ќе игра во третото квалификациско коло од Конференцискатга лига на УЕФА откако успеа да го елиминира црногорскиот преставник Будуќност победувајќи го дв пати, и тоа со 1:0 и 4:3.

По комплетирањето на синоќешните дуели во второто квалификациско коло од Конференциската лига, јасно стана дека само две земји од цела Европа останаа без ниту еден преставник во натпреварувањата на УЕФА. Тоа се Црна Гора и Сан Марино.

Сите останати земји, вклучувајќи ги и аматерските како Андора, Фарски Острови, но и Малта, Луксембург, Летонија, Грузија, Азербејџан… имаат најмалку еден тим во УЕФА натпреварувањата.

Македонија се спаси да не биде на самото дно во ова натпреварување благодарение на Струга ТЛ, додека од Европа по брза постапка испаднаа Шкендија и Македонија Ѓорче Петров, додека Шкупи синоќа беше елиминиран од Левски.

- Оглас -

Најнови вести