Благодариме Словенци, Македонија сама решава за пласман на ЕП 2026

Стравувањата дека ракометната селекција на Словенија која гостуваше со драстично ослабен и подмладен тим може да загуби од Литванија се покажаа како неосновани и во Вилнус е постигнат резултат кој ѝ оди во прилот на Македонија.

Словенија одигра чесно и победи против Литванија со 31-28 во квалификациски меч за Европското првенство 2026 и сега избраниците на Кирил Лазаров не зависат од никој друг, туку само од себе дали ќе одиме на ЕП. Потребно е утре на гости да ја победиме Естонија, а потоа во Скопје да бидеме подобри од Литванија со три или повеќе гола разлика. Ова сценарио е реално остварливо и Македонија е на добар пат да ја продолжи низата на учества на големите ракометни првенства.

Инаку, ЕП следната година ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари во Данска, Шведска и Норвешка.

- Оглас -

Најнови вести