Сите сакаат да бидат во Зеница, и Ѓоковиќ потврди дека ќе гледа БиХ – Италија

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, утре ќе пристигне во Зеница, каде што ќе го гледа во живо фудбалскиот натпревар Босна и Херцеговина – Италија. Тимот што ќе победи, ќе игра на Светското првенство.

Ѓоковиќ по триумфот на Босанците во полуфиналето против Велс, објави фотографија од Един Џеко на својот Инстаграм со опис „Браво Един, браво БиХ“ и нема сомнение дека ќе навива за соседите на Србија.

Селекцијата на Босна и Херцеговина има можност да оди на второто Светско првенство во својата историја, откако учествуваше и во Бразил во 2014 година. За тоа ќе им треба подвиг во „Билино Поље“ и победа над фаворитот Италија.

Ѓоковиќ го пропушти Мастерсот во Мајами, а нема да игра ниту на почетокот на сезоната на земјена подлога во Монте Карло, па има време да одмори пред турнирите кои се генерална проба пред вториот грендслем во годината „Ролан Гарос“.

 

- Оглас -

Најнови вести