Легендарниот тренер Жозе Мурињо со победа стартуваше на клупата на Бенфика. Португалскиот стратег беше назначен за предводник на клубот во кој пред 25 години ја започна тренерската кариера.
Бенфика вечерва гостување кај АФС и победи убедливо со 3:0. Ова беше четврта победа во петтиот натпревар за Бенфика во новата сезона и со 13 бодови е на второто место на табелата.