Блискиот пријател на семејството Халанд со равенка откри зошто Левандовски сака да си оди од Баерн (Фото)

Некогашниот норвешки фудбалски репрезентативец Јан Аге Фјортофт, кој е многу близок со таткото на Ерлинг Халанд, со шифрирана порака на„Твитер“ откри дека Роберт Левандовски веќе не сака да игра за Баерн затоа што открил дека Баварците му работат зад грб и преговарале со Халанд, кого го посакувале како нова „9-ка“ во составот.

„Клубот Б сакаше играчот Х да го замени играчот Л. Играчот Л дозна за тоа. Играчот Х кажа не, а играчот Л му кажа на клубот Б дека сака да си оди. Клубот Б не може да разбере зошто играчот Л не е лојален“.

- Оглас -

Најнови вести