Блицкриг на Јапонците, за пет минути ѝ дадоа два гола на Фуријата

Само што започна второто полувреме, Јапонија за две минути постигна два гола и поведе со 2:1 против Шпанија во натпревар од последното коло во групата Е.

Иако во првото полувреме едвај да ја пипнаа топката, Јапонците фуриозно го започнаа второто полувреме и прво во 48-мата минута преку Доан го израмнија резултатот.

Само пет минути подоцна, Танака го совлада Симон и ѝ донесе предност на Јапонија. Доколку остане овој резултат, Јапонија ќе го освои првото место во групата, а Шпанија ќе биде втора.

Костарика со голот на Техеда во 59-тата минута дојде до израмнување на 1:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести