Блиц-крик на Барселона: Левандовски даде два гола за две минути на „Сантијаго Бернабеу“ (Видео)

Барселона води со 2:0 по еден час игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид против Реал. По првиот дел немаше погодоци, а на стартот од второто полувреме следуваше блесок на Роберт Левандовски кој постигна два гола во само две минути.

Полскиот голгетер прво погоди за 1:0 во 54 минута по одличното додавање по кое излезе сам пред домашниот голман и одлично пласираше во мрежата.

Реал уште не беше освестен од шокот за примениот погодок, следуваше нов удар за Кралевите. Овојпат Левандовски погоди со глава во 56 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести