Боатенг: „Овој тренер ќе биде подобар и од Гвардиола, сигурно ќе биде најдобриот во следните 20-30 години“

Кевин-Принс Боатенг, поранешниот репрезентативец на Гана, минатото лето ја заврши својата фудбалска кариера, во која настапуваше за Херта, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Портсмут, Џенова, Милан, Шалке, Лас Палмас, Ајнтрахт Франкфурт, Сасуоло, Барселона, Бешикташ, Фиорентина и Монца. Ганецот сега е актуелен по изјавите кои ги дава за медиумите, а во последниот негов коментар тој се осврна и на тренерите.

Според многумина, Пеп Гвардиола е најдобриот тренер во моментов, но и воопшто во историјата, но Боатенг сепак тврди дека Италијанецот на клупата на Брајтон, Роберто де Ѕебри, ќе биде најдобриот тренер во следните 20-30 години.

„Ако ме тренираше Де Ѕерби пред 10-12 години, ќе играв поинаков фудбал. Мислам дека тој ќе биде најдобриот тренер во светот во следните 20-30 години. Го унапреди секој фудбалер кој работеше со него. Со Де Ѕерби работев кога веќе имав 32 години и се чувствував силен како никогаш претходно. Знаеше како да ме крене и да ме мотивира. Размислува за човечката страна и тоа е клучно“, вели Боатенг.

На прашањето дали мисли дека Де Ѕерби е подобар тренер од Пеп Гвардиола, Боатенг кусо и без размислување одговори: „Да“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести