Македонското фудбалско првенство одамна не било толку интересно, како во трката за титулата, така и во битката за опстанок. Денеска се играат два меча со кои ќе се комплетира 28 коло, а многу реакции привлече дуелот во Кавадарци од пред два дена кога Шкендија со 4:1 го победи Тиквеш.
Првиот човек на Вардар, Миленко Неделковски денеска преку профилот на социјалните мрежи имаше реакција, посебно кој кавадарчани и Тиквеш. Неделковски пишува дека фудбалерите на Тиквеш „предат како мачиња“ кога играле против Шкендија, но дека не е така кога играат против Вардар. Тој потсетува дека есеноска Мато заработил скршеница на стопалото токму на дуелот против Тиквеш.
Оваа реакција на Миленко доаѓа во пресрет на следното 29 коло во кое токму Вардар е домаќин на Тиквеш, а првиот човек на Вардар на противниците им порача „Бујрум бе мажи“.


