Работнички нема друг избор освен да победи, Башкими брка три бода за мирен финиш на сезоната

Денеска ќе се комплетира 28. коло на Прва фудбалска лига на Македонија, а на програмата се два меча кои може да донесат интересен расплет за опстанокот во елитата. Работнички ќе го пречека тимот на Арсими, додека Башкими во Куманово ќе ја пречека Стрга ТЛ.

Работнички веќе нема право на кикс. Романричарите имаат само 25 бодови и се на 10 место кое значи испаѓање. Дури и да победи, Работнички ќе остане во зоната за испаѓање, но тогаш не стигне само на еден бод зад Пелистер. Арсими има 35 бодови и е на седмото место на табелата.

Пред нешто повеќе од еден месец Работнички со 1:0 го победи Арсими на арената „Тодор Проески“, па сигурно домаќините и сега би биле презадоволни со ист резултат.

Башкими има само една победа во последните пет кола, но уште е комотен со 37 бодови на шестото место. Ако Башкими денеска слави над Струга ТЛ, кумановци ќе бидат речиси сигурни до крајот на сезоната. Сепак, не треба да се заборави во двата дуели кои сезонава ги одиграа овие два тима, Струга ТЛ беше убедлива и победуваше со 5:0 на гости и уште поубедливо со 6:0 на свој терен.

- Оглас -

Најнови вести