Бобан Николов е на лекарски прегледи, наскоро потпишува за Лече!
Македонскиот репрезентативец од Унгарија се сели во Италија, во Лече го чека еден наш екс репрезентативец.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов, се наоѓа на лекарски тестови во Лече и ако не се случи нешто непредвидено, тој до крајот на денот треба да потпише договор со клубот кој се натпреварување во Серија Б и се бори за враќање во првата лига. Лече во моментов е петтопласиран на табелата, а таму игра и уште еден фудбалер со македонски пасош, левиот бек Леонард Жута.
Штипјанецот Николов во Лече доаѓа од унгарски МОЛ Фехервар, а пред тоа го носеше дресот на Вардар и на Виторул во Романија. Тој ќе биде второто засилување за Лече во зимскиот преоден рок.