Грција никогаш не ја победила Италија

6714 Данска – Украина (18.30)

Данска и Украина се меѓу најсилните европски селекции кои не обезбедија место на Светското првенство. Данска на овој дуел во Оденсе ќе биде фаворит, иако пред четири дена одиграа само 0-0 со ДР Конго, додека Украина со 2-0 беше подобра од Полска. Традицијата на меѓусебните дуели вели дека никогаш не било 0-0, но и никогаш немало повеќе од два гола и 21 години не играле меѓусебе. Данска дома во последните четири години има само еден пораз.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.78)

 

6715 Хрватска – Словенија (20.45)

Соседите Хрватска и Словенија ќе играат во Вараждин, а Хрватите добро би било да победат и во попозитивно расположение да отпатуваат на СП. Пред пет дена, Хрватите беа поразени 0-2 од Белгија, додека Словенците пред три дена одиграа само 1-1 со Кипар. Словенците останаа непоразени на последното гостување кај Хрватска во 2022 година, тешко дека ќе го повторат успехот и вечерва.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.86)

 

6716 Грција – Италија (21.00)

Грците никогаш не ја победиле Италија, а сега имаат историска шанса затоа што новиот селектор на Аѕурите повика многу нови и релативно непознати имиња, составот не делува опасно. Пред некој ден Италијанците го победија Луксембург само со 1-0, но имаше 15-тина дебитанти. Од друга страна, Грците одиграа добро против Шведска и ремизираа 2-2.

Предлог тип: Х било кога (1.74)

 

6717 Мароко – Норвешка (21.00)

Овој меч на двата учесници на СП ќе се игра во Њу Џерси и ќе биде генерална проба пред почетокот на Мундијалот. Мароко и Норвешка имаат играно еднаш меѓусебе и тоа на СП 1998, кога средбата заврши 2-2. Норвежаните на 1-ви јуни ја совладаа Шведска со 3-1, во форма се, тие се меѓу тимовите кои може да изненадат на Мундијалот, а Мароко е африкански првак и полуфиналист од претходното СП, па и тие имаат свои оружја.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.60)

 

1312 Лас Палмас – Малага (21.00)

Тука станува збор за полуфинале од разигрувањето за пласман во шпанската Ла Лига, ова се два некогашни прволигаши. Во лигашкиот дел од сезоната во втората лига, двата тима беа со ист број бодови, но Малага беше четврта, а Лас Палмас петти и затоа реваншот по три дена ќе се игра во Малага. Инаку Малага двапати го победуваше Лас Палмас сезонава, еднаш со 1-0 и еднаш со 2-0.

Предлог тип: 12 & 0-2 (2.80)

- Оглас -

Најнови вести