Меч на кариерата за Зверев, ќе игра и за чест на „изгубената генерација“

Денешното финале на тенискиот гренслем „Ролан Гарос“ помеѓу Александер Зверев и Флавио Коболи кое треба да почне околу 15 часот, може да се нарече меч на кариерата за двајцата, а особено за третиот на АТП листата, 29-годишниот Германец кој ја чека првата гренслем титула.

Зверев ќе игра и за чест на „изгубената генерација“, онаа која страдаше во своите почетоци против големата тројка Федерер, Надал и Ѓоковиќ, а сега е во сенка на Алкараз и Синер.

Играчите родени во 1990-тите не ги постигнаа успесите кои им се предвидуваа. Еден од најдобрите меѓу нив, Зверев, има 24 турнирски титули од кои седам Мастерси 1.000, и олимписко злато, уште нема гренслем, ниту некогаш беше број 1 на АТП листата.

Од тенисерите родени во 90-тите, само Данил Медведев и Доминик Тим имаат гренслем титула. Покрај нив и и Зверев, финале играле и Милош Раониќ, Ник Кирјос, Матео Беретини, Тејлор Фриц, Каспер Руд и Стефанос Циципас. Билансот на момците родени во 90-тите во финалињата на гренслемите е катастрофален, 2 победи и 20 порази.

- Оглас -

Најнови вести