Бодо Глимт успеа да одигра уште еден одличен натпревар против Рома и да извади 2:2 на гостувањето во Рим во рамките на Конференциската лига.
Норвешкиот тим и покрај тоа што беше аутсајдер на оваа средба, повторно блескаше и сега извади бод од овој тежок меч.
Тие поведоа со голот на Солбакен во судиското продолжение од првото полувреме, а Стефан Ел Шарави во 54-тата минута израмни на 1:1.
Сепак, нова сензација донесе Ерик Ботхајм (65′), а конечниот резултат беше дело на Роџер Ибањез во 84-тата минута.
Со овој бод, Бодо остана на лидерското место во групата „Ц“ со осум бода и има еден повеќе од нивниот вечерашен противник.
Антонио Конте со победа ја започна својата ера во Тотенхем. Англискиот клуб го победи Витесе со 3:2, иако во воведните 30 минути имаше предност и од 3:0 со головите на Сон, Лукас и автоголот на Расмусон.
Истиот играч го даде и првиот гол за гостите, а интересно е што последниот гол исто така падна во првиот дел, а беше дело на Беро во 39-тата минута.
Во продолжението видени се дури три црвени картони, од кои Кристијан Ромеро од домашниот тим, додека кај гостите „поцрвенаа“ Доеки и Шуберт.