3531 ФК Минск – Славија Мозир (18.00 часот)
Домашните се екипа која ретко игра нерешено, во 13 кола има само две ремија, а во последните пет кола имаа една победа и четири порази. Славија е втора на табелата со шест бода помалку од лидерот Витебск, а десет повеќе од ФК Минск. Славија ретко игра мечеви со 3+ голови, а на средбите на Минска речиси редовно има три или повеќе погодоци. Минатата година двата меѓусебни дуели им завршуваа нерешено 1-1, а во март годинава во пријателски меч Славија го растури Минск со 6-0.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.72)
2702 КуПС – ХЈК (19.00)
Ова е дерби на финската лига, а според моментната форма, во предност е тимот од Хелсинки. КуПС стартуваше одлично и трети е, но има голема црна серија, во последните пет меча освоија само еден бод. Од друга страна ХЈК кој е втор на табелата, освои 13 бода во последните пет кола, тие се најефикасен тим во лигата со 28 погодоци на 12 меча (КуПС има дадено само 16 гола на 13 меча). За ХЈК ова е традиционално тешко гостување, губеа трипати по ред, а последната победа таму ја имале во 2020 година.
Предлог тип: 2 (2.50)
6277 Франција У19 ж. – Шпанија У19 ж. (20.00 часот)
Ова е финале на Европското првенство за фудбалерки до 19 години кое се одржува во Полска. Французинките ги добија сите четири меча на патот до финалето (во полуфиналето победија по продолженија), а Шпанките имаа и еден пораз во групната фаза останатото им се триумфи. Франција на сите мечеви на ова ЕП даваше барем по два гола, а Шпанија има само еден примен гол и сите дуели им беа со 0-2 гола. И Шпанките полуфиналето го добија по продолженија.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.30)
1277 Бохемијанс – Слиго роверс (20.45 часот)
Интересен дуел од ирската лига на кој Боемите се фаворити, но и Слиго е во солидна форма, доби два од последните три меча, иако уште е заглавен на претпоследното место на табелата, а и тоа е подобро од самото дно на кое беа неодамна. Бохемијанс е втор и тоа е тим кој нема ниеден нерешен резултат сезонава (12 победи и девет порази). Бохемијанс има три победи и еден пораз во последните четири кола.
Предлог тип: 1 & 1+I & 1+ II (1.98)
2841 Стјарнан – Бреидаблик (21.15 часот)
Стјарнан е четврти на табелата и има само три бода помалку од Бреидаблик кој е втор. Стјарнан е тим кој има и дадено и примено по три гола повеќе од Бреидаблик. Стјарнан има три победи и едно реми во последните четири кола, а Бреидаблик освои седум бода од можните девет во последните три кола. Двата тима се во форма, ќе пробаат да победат, затоа веруваме дека може да биде ефикасно со барем по еден гол на двете страни.
Предлог тип: 12 & ГГ (1.98)