Богата ревија на Милионерите, со петарда го декласираа германскиот хит

Борусија Дортмунд приреди фудбалски спектакл против Фрајбург и го декласира хитот во Бундеслигата со 5:1 во премиерниот меч од 19. коло во германското првенство.

Томас Мение со два гола со глава најави сигурна победа на Милионерите, а потоа свое шоу имаше Ерлинг Халанд со уште два гола.

Печат на убедливата победа од 5:1 стави Махмуд Дахуд во финишот на мечот.

Гостите кои досега играа одлично во Бундеслигата опасно настрадаа против разиграните домаќини, а успеаја да постигнат само почесен гол, дело на босанскиот репрезентативец Ермедин Демировиќ.

Борусија со меч повеќе му се одближи на лидерот и актуелен шампион Баерн Минхен на само 3 бода.

Фрајбург е на четвртото место со 30 бода, 13 помалку од Баерн, 10 од Борусија и еден од Хофенхајм.

 

- Оглас -

Најнови вести