Богдановиќ ќе се пресели во Спарс на местото на Дерозен

Бојан Богдановиќ би можел да го облече дресот на Сан Антонио спарс. Бекот на Индијана пејсерс е желба на „мамузите“, кои сакаат да се ослободат од Демар Дерозен, играч кој го донесоа од Торонто репторс што се покажа како добар договор само за канадскиот тим кој со трампата го доби Каваи Ленард и сега е на прагот на прва титула.

Хрватот сезонава имаше 18 поени по меч и погодуваше над 42 отсто од шутевите за три поени, па се верува дека може да биде од поголема полза за Спарс, отколку Дерозен кој ќе наполни 30 години кога ќе стартува следната сезона. Дали во Пејсерс ќе се ослободат од шутерот Богдановиќ за да го доведат Дерозен кој повеќе може да помогне во креацијата, останува да се види, но преговорите се во тек и наскоро ќе се знае исходот.

- Оглас -

Најнови вести