Раде Богдановиќ е поранешен репрезентативец на Србија, а сега најпознат коментатор кај нашиот северен сосед. Во последно време е актуелен со своите коментари, а сега на ред дојде и Црвена ѕвезда, односно нивната трансфер-политика, која според Богдановиќ, нема никаква логика.
„Колку пари потрошија за погрешни фудбалери. Некој да им речеше да купат погрешни фудбалери, немаше да успеат во тоа. Го купија Шериф, кој играше во Турција, пред очите на Фенербахче, Бешикташ и Галатасарај. Тие во него не видоа квалитет. Фенер го купи Џеко, кој има 37 години пред него. Би сакал да ми кажат кој им го предложил во Sвезда. Нивниот начин на купување ми е многу чуден“, вели Богдановиќ.
Потоа се осврна и на Габонецот Канга, кој е дел од голем скандал и се претпоставува дека игра со фалсификувани документи бидејќи според документацијата, неговата мајка починала четири години пред тој да се роди.
„Го имате Канга, докажано дека се родил четири години по смртта на неговата мајка и тогаш Црвена ѕвезда во неговата 36-та година му дава нов тригодишен договор. Може некој да ми објасни во што е финтата?“, се прашува Богдановиќ.