Кошаркарите на Србија ја победија Австралија, по продолжение, со 95:90, во најголемото враќање во историјата на Олимоиските игри, по заостанување од 24 поени разлика.
Центарот на Србија, актуелниот МВП играч во НБА лигата и ас на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, го заврши мечот со 21 поен, 14 скокови и 9 асистенции, а потоа веднаш си замина во соблекувалната.
Јокиќ не разговараше со новинарите, па претставниците на американските медиуми го прашаа Богдановиќ зошто го стори тоа.
„Тој е одлично, но сака да разговара само со мене, вие тоа го знаете. Во НБА лигата, ако не зборуваш со новинарите, ќе бидеш казнет. Овде, на Олимписките игри, нема казни. Затоа тој вели дека не мора да зборува со никого. Не мисли ништо лошо“, објасни Богдан Богдановиќ.